ПАОК ја остави Бенфика без Лига на шампиони (ВИДЕО)

epa08625357 PAOK's players celebrate the 1-0 scored by Christos Tzolis during the UEFA Champions League 2nd qualifying round match between PAOK FC and Besiktas in Thessaloniki, Greece, 25 August 2020. EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Фудбалерите на грчкиот тим ја совладаа Бенфика со 2:1 и се пласираа во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите.

Грчкиот тим приреди изненадување со победата над фаворизираниот португалски тим, а пласман во плеј-офот обезбедија уште и екипите на Динамо Киев и Гент.


Сите голови паднаа во второто полувреме, ПАОК поведе во 63. минута со автоголот на Јан Фертонген, а 12. минути подоцна на 2:0 зголеми Андрија Живковиќ кој ова лето пристигна во прчкиот тим токму од редовите на Бенфика. Поразот на португалскиот тим го ублажи Рафа Силва во судиското продолжение.
ПАОК за пласман во групната фаза ќе игра против рускиот Краснодар.

Сигурен настап имаше и Динамо Киев кој со 2:0 го совлада АЗ Алкмар и обезбеди пласман во последната рунда од квалификации за ЛШ. На стартот од второто полувреме Родригез го донесе во водство украинскиот тим, а пласманот во плеј-офот го завери Шарапенко во 86. минута.


Противник на Динамо Киев во плеј-офот ќе биде белгискиот Гент кој вечерва со 2:1 беше поуспешен од Рапид Виена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот