„Пантерот“ од Металург со трансфер во Бундеслигата

Фото: РК Металург

Станува збор за голманот Мартин Томовски (21) кој до сега ги бранеше боите на Металург.

Томовски кој станува збор за голема ракометна голманска надеж во нашата земја, прави трансфер во екипата на Лудвигсхафен.

Ова го потврди и хрватскиот ракометар на клубот, голманот Матеј Ашанин.

– Успеа клубот да се извлече и обезбедивме опстанок. Првите луѓе веќе го кројат составот за наредната сезона. За мене веќе пронајдоа замена и доаѓа Македонецот Томовски. Многу сум задоволен, имав тешка повреда, но се вратив на терените – вели Ашанин.

Чуварот на мрежата беше дел од поширокиот список на Брестовац за квалификациските дуели против Турција и Грција.

Од наредната сезона во најсилното германско првенство ќе игра и Жарко Пешевски во Штутгарт.

Филип Талески веќе ги брани боите на Рајн Некар Левен, Филип Миркуловски е во Вецлар, а Филип Кузмановски од Еурофарм Работник се сели во Магдебург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот