Пановски: Зошто граѓаните со антитела да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена?

Никола Пановски
Д-р Никола Пановски. / Фото: Архива на Слободен печат

Професорот на медицинскиот факултет д-р Никола Пановски, поставувајќи дијаграм со нивоа на антитела од прележан ковид на својот профил на Фејсбук им се обрати на експертите на кои се повикува Mинистерството за здравство кои тврдат дека и луѓето кои ја прележале болеста, 45 дена потоа треба да се вакцинираат,  кога природната заштита е најизразена.

-Еве од втора година медицина, секој студент што го знае, нека одговорат врвните експерти на кои се повикува Министерството за здравство. ИгГ заштитните антитела се со црна линија. 12 недели се високи и остануваат високи!!! Вие ги терате да се вакцинираат најдоцна во седмата недела кога имунитетот е најсилен. Зошто да се вакцинираат во периодот кога нивната природна заштита е најизразена?, напиша доктор Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот