Пановски за Слободен печат: Овој полициски час го предлагав уште во октомври

Никола Пановски

Нема да има голема штета од воведувањето полициски час, бидејќи тоа нема да влијае на економијата, а се надевам дека ќе ја намали трансмисијата на вирусот, вели микробиологот проф. д-р Пановски за „Слободен печат“, коментирајќи ја препораката на Комисијата за заразни болести за воведување на полициски час кој би почнувал од 22.00 часот па се до 05.00 часот наутро.

Според д-р Пановски, со оваа мерка најмногу ќе се ограничи движењето и групирањето на помладите во вечерните часови.

– Ќе се спречи шетањето на помладите, а посебно средношколците и студентите ќе бидат ставени под контрола. Се надевам и дека ќе има ефект и на образованието, учениците можеби ќе си легнуваат порано за да станат навреме да се приклучат на настава – додава д-р Пановски.

Микробиологот вели дека уште во октомври ја предлагал оваа мерка, а верува дека таа е предложена токму со намера да се ограничи движењето на помладите.

– Токму тоа е целта на мерката, поради економски причини не се носат поинакви мерки. Јас оваа мерка ја предлагав уште во октомври кога имаше многу повеќе случаи, но не беше прифатена, не знам зошто, така што сега не можам да кажам дека не е добра. Не знам дали ќе се намали ширењето за 5 или 10 отсто, но во секој случај позаштитени сме ние возрасните кои живееме со деца и внуци – посочи Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот