Пановски за Данела Арсовска: Симпатична, размазена и неодговорна
„Во Скопје работата е влошена, сѐ оди надолу, во име на Град Скопје се пуштаат безобразни соопштенија, нема транспарентност. ‘Градоначалничката е на пат и не сака да губи време со вас на советнички прашања’, ни рече секретарот за отсуството на Данела Арсовска“, рече во подкастот „Претрес“ советникот во Град Скопје од редовите на ЛДП, лекарот и универзитетски професор Никола Пановски.
„Опкружена е со луѓе кои не ѝ ја кажуваат вистината. Ни советниците веќе не ги памтат директорите. Досега Советот не доби ни збор за патувањата на градоначалничката. Како да ја прашаме кога не постои, ја нема”, рече Пановски.
„Таа им одговара невоспитано на советниците. Таа е лесна на навреди…“ „…Симпатична, размазена и неодговорна“ – ја опиша Пановски градоначалничката на Скопје Арсовска.
За претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, Пановски рече дека е „стручен, но под влијание на неговата партија“.