Пановски во „Скопски агол“ за градбата на МЕПСО: Kога избирате најевтина понуда, очекувано е дека ќе има помалку квалитет

Ветерот со брзина од 100 километри на час, циклонот ЈАКОБ, корнеше дрвја, покриви од згради и оштети фасади на многу објекти. Една од нив беше и барокната фасада на МЕПСО, како и другите објекти од проектот Скопје 2014.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук напиша дека ќе има одговорност за лудилото, алудирајќи на неквалитетно изградените објекти во проектот Скопје 2014.

На оваа тема утрово во „Скопски агол“ говореше архитектот Мартин Пановски, кој посочи дека проблемот треба да се бара во законот кој налага да се избира понудувач кој ќе понуди најниска цена.

Околу безбедноста на градбите, во Скопски агол гостуваше Мартин Пановски.

-Кога ќе имате закон кога можете да изберете најевтина понуда, очекувано е дека ќе има помалку квалитет. Колку што можев да видам на фасадата на МЕПСО немаат ставено клинови. Од аспект на колку е нешто добро изработено, сметајте дека тоа е најевтино- истакна Пановски и додаде дека е неминовна ревизија на проектот Скопје 2014.

Тој оцени дека покрај државите објекти, во приватите згради се работи квалитетно, при што нагласи дека граѓаните не треба да се плашат за безбедноста на градбите во кои живеат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот