Пановски: Вакцинацијата во првите 6 месеци по прележување е залудна, само се трошат вакцини

Никола Пановски /Фото: Архива на Слободен печат

Актуелните мерки остануваат на сила и покрај средбата на Комисијата за заразни болести со претставниците на угостителските објекти. Исто така, доктор Никола Пановски го дели мислењето со угостителите за актуелните мерки на Владата.

Според него апсурдно е барањето за вакцинација од граѓаните кои прележале ковид последните 45 дена. Додава дека е штетно за здравјето на пациентите кои прележале ковид-19 да се вакцинираат првите 6 месеци.

– Вакцинацијата на лица кои прележале Ковид-19 е залудна и само се трошат вакцини, на место да се вакцинираат лицата кои не биле заразени и кои имаат потреба, изјави Пановски.

Инаку и Грција од 13 септември ќе воведе рестриктивни мерки за невакцинираните.  Угостителските објекти и спортските сали можат да ги посетат само вакцинираните лица и тие кои го прележале вирусот последните шест месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот