Пановски: Урбаната мафија треба да се бара внатре во системот (ВИДЕО)

Јас не сакам да зборам што сме испуштиле да изградиме, туку сметам дека тоа што сме го изградиле сме испуштиле да го изградиме како што треба. Би сакал да го дочекам денот кога ќе го видам ГТЦ под заштита. За жал заштитуваме објекти кои не се „скопски“. Оваа слика како што е денес не се случи ни во ’80 ни во ’90. Оваа слика е од 2000-та наваму. За жал би требало да сфатиме дека таа слика беше неминовна од аспект дека сме сиромашна држава, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Мартин Пановски, претседател на Асоцијација на архитектки.

-2000-та па наваму се години на извор не само градежните компании да заработат, туку и сопствениците на земјиштето, смета Пановски и додава дека на минатото треба да се сеќаваме но не и да останеме затворени во него.

Скопје и ден денеска е неразвиен град, вели Пановски, узурпацијата на јавниот простор постои.

-Скопје 2014-та е продукт на државата. „Урбаната мафија“ мислам дека е измислена приказна за да не се погледнеме во сами себе си во очи. На пример локациите во Дебар маало се приватни, осносно сопствениците на земјиштето бараат самите подигнување на спратови. Затоа би рекол дека од тој аспект урбаната мафија треба да се бара внатре во системот. И тука имаме проблем со кој како држава не можеме да се соочиме. Узурпација на јавна површина имало и ќе има. Да не зборуваме за Чаир. Таму имате дивоградби на секој чекор. Во Штип имате ископан плоштад- вели Пановски.

Целиот разговор со Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Мартин Пановски погледнете го видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот