Пановски: Со законот за легализација се врши амнестија на дивоградбите кои подлежат под Кривичен законик

Фото: Фејсбук

Тој вели дека Владата треба да почне со едукација на политичарите, бидејќи како што вели, има градоначалници што не разбираат што е тоа урбанистичко планирање.

За да се стави крај на дивоградбите во државата треба да се укине законот на нивна легализација, вели претседателот на Асоцијацијата на архитекти, Мартин Пановски, во интервју за Телма.

-Страшен проблем се дивоградбите при урбаното планирање, бидејќи вие сте планирале нешто, а некој си изградил нешто на своја рака и вие треба таа негова идеја да ја инкорпорирате како урбанисти. Со законот за легализација се врши амнестија на дивоградбите кои подлежат под Кривичен законик. Значи, направено е дело кое вие го помилувате- вели Пановски.

Тој вели дека Владата треба да почне со едукација на политичарите, бидејќи како што вели, има градоначалници што не разбираат што е тоа урбанистичко планирање.

Пановски предлага таму каде што дивоградбите се уриваат, локалната да ја поддржи централната власт, а ако тие не се срушат, ингеренциите од локалната власт да ги преземе Министерството за транспорт и врски.

Тој смета и дека е потребна дислокација на објектите од проектот „Скопје 2014“ и враќање во првобитниот изглед на фасадите.

Груби: ДУИ бараше уривање на објектот пред Мавровка, дивоградба е и терасата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот