Пановски: Природниот имунитет е посилен од вештачкиот, дајте им на прележаните рок од 6 месеци да се вакцинираат

Д-р Никола Пановски / Фото: Архива на Слободен Печат

 Дека природниот имунитет е посилен од вештачкиот го гледаме секојдневно ние матичните лекари, а и секој ден гледаме дека по 3, а особено по 6 месеци дури и вакцинираните со вакцини како Фајзер, ја губат заштитата, пишува микробиологот Никола Пановски на својот фејсбук профил.

-За да нема недоразбирање:

1.Вакцините против ковид спасуваат животи.
2. Треба да се почитуваат и да се даваат на лица на кои им се потребни.
3. Лично сум од групата на вакцинирани во март, не сум прележал ковид, но жестоко се борам за правата на прележаните.
4. На прележаните од ковид треба да им се даде рок од најмалку 6 месеци за да се вакцинираат.
5. Во меѓувреме треба да се вакцинираат оние кои немаат заштита, па и оние со трета доза кои се вакцинирани во фебруари и март, меѓу кои се и здравствените работници.
6. Дека природниот имунитет е посилен од вештачкиот го гледаме секојдневно, ние во лаборатории, матичните лекари, инфектолозите итн, а секој ден гледаме дека по 3, а особено по 6 месеци дури и вакцинираните со вакцини како Фајзер, ја губат заштитата.
7. Се уште не е направена штетата, дајте им на прележаните рок од барем 6 месеци да се вакцинираат.
8. До кога ќе молчите колеги, 45 дена мерка немљ никаде во светот, не е точно дека е препорака од СЗО, тие само велат дека месец дена минимум треба да помине.
Во прилог е еден труд кој кажува дека прележаните 13 пати поретко се инфицираат од комплетно вакцинираните со две дози Фајзер.
Comparing SARS-CoV-2 natural immunity to vaccine-induced immunity: reinfections versus breakthrough infections, пишува Пановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот