Пановски: Омикрон варијантата тешко дека некој ќе ја избегне

Д-р Никола Пановски / Фото: Архива на Слободен Печат

Микробиологот, проф. д-р Никола Пановски вели дека заразата со омикрон варијантата тешко дека некој ќе ја избегне, но болеста полесно поминува кај оние кои веќе прележале ковид и кои се вакцинирале против корона вирусот.

Во гостувањето во емисијата Студио 10 на ТВ 24, професорот посочува дека дури една третина од тестирањата се асимптоматски случаи.

-Бројот на денови за изолација треба да биде 7 дена, многу малку ќе придонесеме за ширење на болеста, и најважно е тоа што болеста кај прележаните и вакцинираните полесно поминува. Доколку некој праша дали ќе биде заштитен од омикрон тоа е многу тешко бидејќи сите ќе го прележиме. Некој на нога ќе го помине, особено што според податоците на Институтот за јавно здрвје покажуваат дека 30 проценти од тестираните досега се асимптоматски случаи. Замислете колку луѓе има кои што одат на работа, не се тестираат и се позтивни. И ако го промениме прагот на излоација, тогаш треба да се затворат сите установи, појаснува професорот Пановски.

Според него делта варијантата се уште доминира во Македонија, бидејчи, како што вели, стапката на смртност поради компликации од ковид во Македонија е високо на врвот во светски рамки.

-Делта доминира. Останува дека нашата смртност е далеку прва во светот. Тука има влијание вакцината, начинот на лекување. Процентот на починати, пред се заради протоколи и правилно лекување и стекнатите искуства се гледа дека се намалува во светот. Моментално имаме четири милиони дневно заразени. Кривата оди нагоре. Имаме околу 10.000 смртни случаи на ден. Процентот на починати во светот е помал. Мислам дека се заштитени оние кои се прележани во пеиридот ноември декември и ако примиле во истиот период трета доза, нагласи професорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот