Пановски: Лицата што примиле две дози, а прележале ковид-19 не би требало да примат трета доза

Д-р Никола Пановски / Фото: Архива на Слободен Печат

Оние што примиле две дози, а прележале Ковид-19 не би требало да примат трета доза, вели микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Жешко политичко лето“ на телевизија Канал 5.

Тој информира дека по 6-8 месеци, имунитетот со Фајзер или Модерна е намален, особено кон делта сојот.

-Кај нас е проблемот што имаме и кинески вакцини, затоа што и после вакцинирањето со „Синофарм“, опаѓаат антителата. Таквите лица, треба да примат Фајзер или некоја друга, ако првата не донела антитела. За месец дена, тие што се вакцинираа на пролет, ќе треба да размислуваат за трета доза, потенцира Пановски.

Во однос на мерките тој вели дека немаат никаква врска со падот на бројките, додека сертификатите се беспредметни.

За наставата вели дека не е сигурен што не чека, но веројатно по недела-две децата повторно ќе продолжат со онлајн настава, ако оди ситуацијата вака како што е сега.

-Мое искуство е дека помладите деца се подициплинирани, така да кај средношколците не знам колку ќе носат маска, особено кога ќе го нема наставникот. Сметам дека средношколците кои се 3-та и 4-та година веќе се имунизирани, затоа што имаа толку многу контакти во претходниот период, откако што ќе имаат во училиште, додава Пановски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот