Пановски: Кон 20-ти април ќе имаме пик од над 60 починати на ден

Никола Пановски

Бројот на починати го следи бројот на новозаразени и хоспитализирани. Кон 20-ти април ќе имаме пик од над 60 починати на ден, вели професор д-р Никола Пановски во интервју за Сител.

„Бројот на смртни случаи доцни две недели во однос на бројот на новозразени и хоспитализирани лица со коронавирус“ вели тој.

Тој додава дека луѓето меѓу 30 до 40 години најмалку се штитат и во последниот период најголем дел се заразуваат свесно.

Епидемиологот, смета дека според бројот на хоспитализирани, а секако не се хоспитализираат луѓе без потреба во вакви пикови, можеше да се очекува драстичниот раст на број на починати од коронавирусот.

„Никогаш не е кажан, меѓутоа се слушна процентот на починати на можеби најдобрата заедно со, инфективната и „8 септември“, ковид центар на интерните клиники од координаторот професор Докиќ дека е 25, меѓутоа од разни статистики од други луѓе што анализираат, процентот на смртност е околу 30 проценти. И, не е тешко да се прерачуна ако имате 1700 хоспитализирани, колку ќе си одат дома колку нема да си одат дома, и од таа бројка ќе испадне околу 500 рачунајте во следните 10 дена, тоа ќе варира, меѓутоа тоа е процентот. Не се намали процентот на смртност, не се пронајде некој нов лек. Бар кај нас лекувањето мислам дека е такво какво што беше наесен и бројот на смртни случаи го прати бројот на ново откриените случаи на на хоспитализираните пациенти“, истакна Пановски.

Тој додаде дека првите две недели бројот на смртни случаи не го следеше бројот на ново заразени, при што бројот на смртни слиуча се држеше на 20 дневно, кој вели дека, како што кажуваат епидемиолозите и од другите градови или сме во пикот или пак сме блиско до пикот. Но, за жал, додаде Пановски, не се ублажи овој пик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот