Пановски го објави списокот на кадетките за ЕХФ шампионатот – Слободен печат
РакометСпорт

Пановски го објави списокот на кадетките за ЕХФ шампионатот

Селекторот на женската кадетската репрезентација повика 22 ракометарки на подготовките за ЕХФ шампионатот во Италија.

Селектор на женската кадетска репрезентација, Владимир Пановски, го објави спиокот за повикани ракометарки за собир за подготвителниот период за претстојниот ЕХФ W17 2019 шампионат во Италија.

Собирот е закажан за 15 јули во спортската сала „Автокоманда“ со почеток во 15:00 часот.

Кадетската репрезентација на Македонија е во групата Б заедно со репрезентациите на Полска, Белорусија, Италија и Азербејџан. Првиот натпревар е закажан за 4 август против репрезентацијата на Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close