Пано од три метра паднало врз неа: Повредена жена во градски парк – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеХроника

Пано од три метра паднало врз неа: Повредена жена во градски парк

Таа на Фејсбук статус пишува дека ги бара очевидците да сведочат бидејќи планира да ги тужи организаторите на фестивалот.

Вчера во градскиот парк во Скопје една жена се здобила со телесни повреди, откако врз неа паднало пано со железна конструкција од програмата на летниот фестивал „Summerland“.

Таа на Фејсбук статус пишува дека ги бара очевидците да сведочат бидејќи планира да ги тужи организаторите на фестивалот.

„Денеска околу 19 часот во Градски Парк врз мене падна пано со железна конструкција со програмата на Summerland. Пано од 3 метра ставено на нерамен терен без никаква заштита го бутна ветерот точно на пешачката патека до школка кај фонтаната за кучиња. Имам огромен хематом на десната нога и набиени ми се малиот прст,  зглобот и подлактицата на раката. Да биде стравот поголем го буткав син ми со количка пред мене. Од ударот количката се преврте но за среќа се задржа за да не лупне со глава на цименто. Да бев 5 сантими поназад паното ќе паднеше врз него.

Ве молам направете Share на статусов, сакам да пробам да најдам некој од луѓето кој беа таму за да сведочат во приватна тужба која иам намера да ја покренам против организаторот“, пишува жената на во својот статус на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close