Паниката од Италија пристигнува во Хрватска? Продавниците се празнат, цените на маските растат

Фото: EPA-EFE/ANDREA FASANI

Во Хрватска е потврден првиот случај на заразен со коронавирус, а во аптеките ширум земјата веќе недостасуваат заштитни маски.

Ситуацијата веќе некои ја искористуваат, и се обидуваат да заработат. Добавувачите кои се бават со медицински материјали и производи нудат маски по цена од околу едно евро (осум куни). Вообичаената цена на маските е 0,17 куни, пренесува ХРТ.

Аптеките добиле понуда од некои добавувачи за маски по повеќекратно повисоки цени од вообичаеното, потврди претседателката на Лекарската комора на Хрватска, Ана Солдо.

– Цената на една обична хирушка маска, двојлојна или трослојна, доколку дојде од тие добавувчи, во малопродажба би била околу осум куни и 10 липи – додаде таа.

Оцени дека тоа се единствените маски, бидејќи маски по обична цена речиси и да веќе нема никаде во аптеките во Хрватска.

Засега во болниците во Хрватска не би требало да има проблеми со медицинска опрема.

Хрватските малопродажни ланци се под се поголем притисок од масовни купувања поради паниката предизвикана од коронавирусот, известува порталот „Сибиз“, повикувајќи се на информации од читателите.

Една продавница во самиот центар на Загреб останала со толку малку роба како никогаш претходно, информира продавачка за овој портал. Најмногу се купуваат залихи на храна – првенствено ориз и тестенини, како и основни продукти како тоалет хартија.

Веројатно дел од луѓето се поттикнати од информациите кои доаѓаат од Италија, каде се забележани повеќе од стотина случаи на заразени со коронавирус и засега седум мртви, наведува „Сибиз“.

Луѓето купуваат конзервирана храна, вода и средства за деизнвекција, чекајќи ја изолацијата и затворање во своите домови.

Купувачите во Италија мораа да чекаат во редови додека трговците се обидуваат да организираат групи од по четириесетина луѓе кои наизменично ќе влегуваат во продавниците по производи. Во Хрватска се уште нема таква паника, но изгледа дека трговците и во оваа земја ќе имаат проблем со залихите во следните денови, оценува „Сибиз“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот