Паника во Токио, доаѓа бура која може да им направи проблеми на организаторите на Игрите

EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Домаќинот на 32 Летни олимписки игри, Токио очекува да биде погоден од невреме кое пак може да го поремети распоредот на натпреварите на Игрите.

Топлото, влажно и нестабилно време во Јапонија беше најголема грижа пред стартот на Игрите кои пак се одржуваат во време на вонредна состојба во Јапонија воведена поради зголемениот број на лица заразени со коронавирус.

Но, организаторот сега има нови проблеми, во вторник се очеува Токио да биде погоден од тропската бура Непатрак  која иако ќе го намали својот интензитет, сепак ќе претставува голем проблем за организаторот. Поројните дождови и силниот ветар се очекува да предизвикаат проблеми за водените спортови, односно да ги организаторот ќе биде приморан истите да ги помести за друг ден.

Јулската просечна температура во Токио изнесува 35 степени целзиусови но големата влажност на воздухот им прави проблеми на натпреварувачите и веќе еден стрелец колабираше поради топлото време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот