ПАНИКА ВО РУСИЈА: Поради зголемено ниво на радијација, наредена евакуација во Северодвинск

радијација

Зголемено е ниво на радијација во рускиот град Северодвинск откако на 8 август во блиската воена база се случи несреќа во текот на тестирањето на ракета. Властите тврдат дека зрачењето е поголемо за четири до 16 пати,  додека од Гринпис наведуваат дека радијацијата е за 20 пати поголема од нормалната.

Руското Министерство за одбрана првично соопшти дека зрачењето по несреќата останало на нормалното ниво и дека нема опасност за населението, но градските власти на Северодвинск сега соопштуваат за забележан краткотраен раст на нивото на радијација, пренесуваат британските медиуми.

На жителите на Ниенокс им е препорачано заради можноста опасност од радијација да ги напуштат своите домови сѐ додека траат работите на местото на несреќата. Истовремено, лекарите и медицинскиот персонал кој им помагаше на повредените по несреќата биле испратени во Москва на дополнителни медицински испитувања.

Гринпис тврди дека нивото на зрачење е за 20 пати поголемо, додека руската метеоролошка агенција Роскидромет соопшти дека е забележан раст од четири до 16 пати.

Русија дури во саботата призна дека експлозијата во базата за лансирање проектили била од нуклеарен карактер и дека притоа загинала најмалку пет лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот