Паника во Реал, Тотенхем им го враќа Бејл

EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Членовите на управата на „кралскиот“ клуб стравуваат дека Тотенхем ќе им го врати Герет Бејл од позајмица и со тоа ќе им ги наруши плановите во преодниот рок.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез одлучи изминатото лето да не носи ниту едно засилување и сите средства да ги чува за идното лето кога планира да донесе неколку ѕвезди.
Покрај тоа поради пандемијата на коронавирусот, главниот фокус на управата беше намалување на трошоците за оваа година и еден од чекорите беше намалување на платите на фудбалерите но и ослободување од непотребните играчи.

Еден од непотребните е и Герет Бејл кој пред почетокот на сезоната се врати во Тотенхем, но се чини дека сега токму Велшанецот ќе им ги поремети плановите на „кралевите“.

Имено, Бејл има бруто плата од 30 милиони евра, или околу 715.000 евра неделно, но во Тотенхем се незадоволни од неговата форма и планираат да го вратат на Реал уште во зимскиот преоден рок.

Бејл во Тотенхем пристигна неподготвен и игра многу помалку од очекувањата, досега настапи на 11. натпревари и постигна три гола, но моментно се опоравува од повредата на листот на ногата.
Неговото враќање на „Сантијаго Бернабеу“ ќе значи дополнителен финансиски товар за управата, Бејл има договор до 2022 година, но нема заинтересирани екипи за неговите услуги што значи дека тој до крајот ќе остане во Реал Мадрид дури и по цена да седи на клупата за резерви.

Идното лето, Реал Мадрид планира со сите сили да тргне по потпис со Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд, но доколку Бејл остане на „Сантијаго Бернабеу“ ќе се намалат можностите Норвежанецот и Французинот да добијат поголеми договори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот