Паника во Нов Зеланд откако беше откриен еден случај на коронавирус

Нов Зеланд за време на Ковид-19 пандемијата/ Фото: Профимедиа

Чувар во еден карантински хотел во Нов Зеланд имал позитивен тест на коронавирус, но во овој момент нема докази дека инфекцијата се проширила и понатаму.

АП пренесува дека здравствените власти соопштија дека лицето живее само и дека имал контакт со уште еден колега, но дека двајцата сега се во изолација.

Висок функционер за здравство во земјата, Ешли Блумфилд рекол дека 24-годишниот чувар не е вакциниран и дека ќе се повтори тестот за подобро да се утврди природата на неговото заразување, наведува агенцијата.

Нов Зеланд успеа да го запре ширењето на вирусот, па појавата на некој кој не е во карантин со позитивен тест претставува значајна загриженост, особено бидејќи со програмата на имунизација властите даваат предност на таков тип на работници.

Нов Зеланд кој има пет милиони жители, досега за време на пандемијата вкупно пријави околу 2.500 случаи на заразата и 26 починати лица од последиците на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот