ПАНИКА ВО ЛОНДОН: Нападнат службеник на британското МВР, исечен е со нож по лицето (ВИДЕО)

Фото: ЕПА

Еден човек е избоден пред Хоум офис во Лондон, јавија локалните медиуми.

Хоум офис е британско министерство за внатрешни работи, а медиумите пренесуваат дека таму се наоѓаат бројни полициски возила.

Брзата помош дошла на лице место да и помогне на жртвата чии повреди биле опасни по живот. Според информациите жртвата има исеченица на лицето.

Еден од сведоците истакнал дека имало крв насекаде, а полицијата им наредила на сите да не го напуштаат Хоум офисот.

Избодениот маж е дел од Хоум офисот. Сведоците велат дека тој се вратил во зградата по ранувањето.
Полицијата соопшти дека засега нападот не се третира како инцидент поврзан со тероризам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот