Паника во Ламанш, Руски шпионски брод виден кај британското крајбрежје

Руски шпионски брод / Фото Youtube screenshot Epic Media

Руски шпионски брод изграден за да може да изведува тајни подводни мисии беше забележан денеска на Ламанш.  

Според Дејли Мејл, бродот „Јантар“ бил забележан помеѓу бреговите на Девон и Франција околу пладне и во моментов се движи кон север.  

„Јантар“ („Килибар“) е специјализиран извидувачки брод кој носи две подморници кои можат да слетаат на морското дно, да подигнат предмети од дното на океанот и снимката да ја испратат назад до бродот.  

Познато е дека често таквите подморници се користат за поставување и поправка на критична подводна инфраструктура, како што се интернет -каблите, така што сега се стравува дека тие можат да ги прекинат тие кабли.  

Ваков брод неодамна беше забележан во близина на брегот на Ирска. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот