Паника во Киев, меѓународниот аеродром „Жуљани“ евакуиран по дојава за бомба

Меѓународниот аеродром „Жуљани“ во Киев / фото: Јутјуб/принтскрин

Меѓународниот аеродром „Жуљани“ во Киев денеска е евакуиран во акција на полицијата и службата за безбедност по пријава за поставена експлозивна направа во неговите простории, јавија локалните медиуми.

Телевизискиот канал „Украина-24“ јави дека патниците чекале пред зградата на аеродромот и дека дојавата за бомбата била анонимна.

Аеродромот досега неколку пати бил цел на закани за поставени бомби, но со претресите било утврдено дека се лажни, пренесе Тасс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот