Паника во Холандија: Работник се заразил со коронавирусот од диво животинче

Коронавирусот за прв пат е регистриран на фарми каде се одгледуваат куни во месец април, откако чуварите забележале дека некои животни имаат потешкотии при дишењето.

Работник на канадска фарма за куни, каде се одгледуваат куни за извоз на нивното крзно, се заразил со коронавирусот од малите диви животинки, рече холандската министерка за земјоделство во писмо до парламентот.

Коронавирусот за прв пат е регистриран на фарми каде се одгледуваат куни во месец април, откако чуварите забележале дека некои животни имаат потешкотии при дишењето.

Упатствата на министерството во кое се вели дека луѓето можат да ги заразат животните, но не и обратно, биле погрешни, признала министерката, Карола Шутен во писмото до парламентот.

Таа додала дека Институтот за јавно здравје сè уште смета дека можноста за пренесување на вирусот надвор од кафезите е минимална.

Таа не доставила детали за состојбата на заразениот работник.

Канадското крзно од куни се продава на кинескиот, корејскиот, грчкиот и турскиот пазар, потсетува Ројтерс.

Во 2013 година, холандската влада, под притисок на активистите за правата на животните, забрани отворање на нови канадски фарми за одгледување куни и најави затворање на постојните до 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот