Паника во Грција: На летот од Катар откриени 12 заразени лица, сите патници во карантин

Грците одлучија до неопределно време да ги суспендираат сите авионски летови до и од Катар, се до средината на јуни, откако на летот кој во понеделникот пристигна во Атина е утврдено дека 12 од 91 патник биле позитивни на коронавирус.

Како што пренесува весникот „Катимерини“, деветмината позитивни се пакистански државјани, кои доаѓале од градот Гујрат, а имаат дозволи за престој во Грција, двајца се Грци од Австралија, а еден е Јапонец, член на грчко-јапонско семејство.

Грците поради тоа одлучија да ги тестираат сите патници на спорниот лет, според протоколите кои се моментално на сила.

Заразените ќе останат во наредните две денели во грчките хотели, додека оние кои се негатвини ќе мора исто така да бидат изолирани во наредните недела дена. Кај нив тестирањето ќе се повтори за седум дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот