Паника во ЦИА: Службеник заразен со „Хавана синдромот“

ЦИА / Фото: МИА

Официјален претставник на Американската централна разузнавачка агенција (ЦИА), кој овој месец патуваше со директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, во Индија, соопшти дека ги има симптомите на „синдромот Хавана“, објави Њујорк тајмс.

Околу 200 американски службеници и членови на нивните семејства се заразиле со таканаречениот „Хавана синдром“, мистериозна болест чии симптоми вклучуваат мигрена, гадење, оштетување на меморијата и вртоглавица.

Претставниците на американската амбасада првпат го пријавија случајот во 2016-та година во Куба.

Американската потпретседателка Камала Харис го одложи пристигнувањето во Виетнам минатиот месец, неколку часа откако Амбасадата на САД во Ханој пријави случај на синдромот Хавана. Националната академија на науките објави дека најверојатната теорија е дека „насочената, импулсна енергија со радиофреквенција“ го предизвикува синдромот.

Барнс рече дека постои „многу голема можност“ синдромот да е предизвикан намерно и дека Русија може да биде одговорна за него.

Барнс: Од „Хавана синдромот” заболеле 100 службеници на ЦИА и членови на нивните семејства

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот