Паника во Британија, за Божиќ може да нема алкохол во продавниците

Супермаркет во Лондон / фото: ЕПА/ЕФЕ

Продавниците во Велика Британија би можеле да останат без вино и други алкохолни пијалоци за Божиќ, бидејќи нема доволно возачи за испорака.

Британската асоцијација за трговија со вино и алкохол (WTSA) минатата недела испрати писмо до министерот за транспорт, Грант Шапс, предупредувајќи на недостиг од возачи. Писмото го потпишале 48 членови на здружението, пишува Си-Ен-Ен.

„Ова е итна ситуација за нашите компании и императив е владата што поскоро да преземе чекори за да се намали проблемот со недостигот на возачи пред божиќниот период”, се вели во писмото.

WTSA исто така ги повика властите да им ја продолжат привремената виза на возачите од странство за една година.

„Веќе се соочуваме со големи доцнења во рокот на испорака на вино и други алкохолни пијалоци, а тоа ги зголемува трошоците и им го намалува изборот на британските клиенти“, вели Мајлс Бил, извршен директор на WSTA.

Според истражувањето на британскиот парламент, во 2019 година, 54 отсто од возрасните во Англија изјавиле дека пијат алкохол најмалку еднаш неделно.

WSTA наведува дека на некои од нејзините компании им треба петпати подолго време за увоз на вино и алкохолни пијалоци отколку пред една година. Владата на Обединетото Кралство во соопштение порача дека не очекува нарушување во снабдувањето со алкохол овој Божиќ.

– Владата брзо реагираше за да се справи со предизвиците во синџирите за снабдување предизвикани од глобалните тешкотии; вклучително и пандемијата и недостигот на возачи на меѓународно ниво, рече владиниот портпарол.

Супермаркетите во Британија со месеци имаат проблеми со снабдувањето поради пандемијата и недостигот на работници откако земјата ја напушти Европската унија.

Владата издаде 5.000 привремени визи за странски возачи, но Британската асоцијација за патен транспорт соопшти дека на Британија и се потребни уште 100.000 за да ги задоволи потребите на пазарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот