Паника во болниците во Белгија поради појавата на новиот сој

Белгија ковид-19
Медицинско лице и заразен пациент со ковид-19 во Белгија / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Во Белгија е идентификуван нов случај на инфекција со новиот сој на коронавирусот – омикрон.

Станува збор за вакцинирано лице кое немало контакт со првиот идентификуван носител на овој вирус на територијата на Белгија, кој не патувал сам во странство, туку имал контакт со некој што допатувал во таа земја.

Лекарите додаваат дека симптомите на инфекцијата кај оваа личност се благи.

Досега имаме два потврдени случаи на омикрон во Белгија. Овие двајца пациенти не се поврзани. Бројот на заразени може да достигне 10 во следните неколку часа – изјави микробиологот Емануел Андре, одговорен за белгиската национална лабораторија за ковид-19.

Вчера, белгиските национални власти ги повикаа сите болници во Белгија веднаш да ги одложат сите итни третмани за две недели со цел да се ослободат креветите за пациентите со корона вирусот, пренесува Брисел Тајмс.

Се проценува дека до 10 декември над 1.000 пациенти со ковид нема да бидат на интензивна нега во белгиските болници.

Се одложуваат операции

Сите итни операции и активности кои користат интензивна нега, класични хоспитализации кои не користат интензивна нега, како и еднодневни хируршки интервенции кои не користат интензивна нега, се одложуваат за две недели.

Спасувачките операции и терапии како хемотерапија, дијализа или неопходна рехабилитација ќе продолжат како и досега.

Извесно е дека приливот на пациенти ќе продолжи и во наредните недели. Тоа повеќе не можеме да го спречиме, а новите мерки ќе имаат ефект дури во наредниот период – предупредуваат белгиските здравствени власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот