Паника во Белгија поради брзото ширење на индиската мутација на ковид-19

epa08667697 A traveler leaves the Covid-19 test centre at Brussels Airport in Brussels, Belgium, 14 September 2020. EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Од штабот за вакцинација на Белгија денеска предупредија дека индискиот сој на Ковид-19 се шири брзо и го повикаа населението да продолжи масовно да се вакцинира, јави дописничката на МИА од Брисел.

За портпаролката на штабот е важно секое лице од 16 години натаму да прифати да биде вакцинирано.

– Брзото пристигнување на индискиот сој, познат и како делта сој, ја менува сликата и нѐ тера да бидеме брзи. Двете дози Фајзер, Модерна и Астра Зенека, со слична ефикасност, се апсолутно неопходни за да си обезбедите доволна заштита против овој сој кој е позаразен и поагресивен, изјави портпаролката на штабот, Сабин Стордер.

Според неа, треба да се надмине зацртаниот праг од 70 отсто вакцинирано население за да се постигне солиден колективен имунитет.

Белгија задоволително напредува со вакцинацијата, а населението е сѐ понаклонето кон примање на вакцината.

Највисока стапка на вакцинација имаат лицата на возраст меѓу 55 и 64 години, со 80 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот