ПАНИКА ВО БАЗЕНОТ КАРПОШ: Дечиња преплашени, среде тренинг останаа без струја!

Попладнево во Општина Карпош, односно на базенот „Борис Трајковски“ се случи општ хаос, кога среде тренинг снема струја. Дефектот и стравот кај децата траеше околу дваесетина минути.

-Дечињата кои пливаа доживеаjа голем страв, одеднаш неочекувано снема стуја, почна паника да се крева и деца плачеа- вели за „Слободен печат“ граѓанин, сведок на овој настан.

Од ЕВН разговаравме со портпаролот Атанас Ковачевски, кој вели дека нема простор за паника, дефектот ќе се реши за брзо време.

-Во прашање е дефектна трафо- станица, која за брзо ќе се санира, а во меѓувреме се префрлаат корисниците на други мрежи, на други напојни точки- вели за „Слободен печат“ Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.

Улицата Илинденска е во мрак и не работат ниту семафорите на булеварот, струја нема ниту во кафеаните во Дебар маало.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот