Паника во Барселона, до крајот на сезоната без Меси?

twitter/Leo Messi10

Лионел Меси поради повреда може да го пропушти продолжението на Ла Лига.

Управата на Барселона која годинава глава не може да крене од проблеми, деновиве е во шок бидејќи на завчерашниот тренинг се повреди Лионел Меси.
Аргентинецот почувствувал големи болки во десната нога и поради тоа е закажано итно снимање со магнетна резонанца, пренесува ТВ3.

На само 10 дена пред продолжувањето на Ла Лига, Барселона се најде во незгодна ситуација бидејќи постои голема можност останатот од сезоната да го одигра без својот најдобар фудбалер.

Лекарскиот тим одлучи Меси до почетокот на наредната недела да не тренира како мерка на претпазливост во очекувањето на резултатите од снимањето.

Барселона првиот натпревар од преостанатите 11 до крајот на Ла Лига го игра на 13. јуни кога и гостува на екипата на Мајорка.

Доколку повредата на Меси е сериозна тоа ќе биде голем проблем за Барселона во битката за титулата, бидејќи каталонците се лидери на табелата со само два бода предност во однос на најголемиот ривал Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот