Паника во Барселона: Абрамович е подготвен да ја плати клаузулата за најголемиот бисер на каталонците

Гави во октомври стана намладиот фудбалер кој дебитирал за репрезентацијата на Шпанија/ фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Пабло Мартин Паез Гавира кој е попознат како Гави на спектакуларен начин на започна сезоната во Барселона, што го натера селекторот Луис Енрике да му даде шанса во репрезентацијата, а во исто време го сврте и вниманието на гигантите кои сакаат да ја искористат лошата финансиска ситуација во Барселона.

Имено, Челси е подготвен да ја плати откупната клаузула и уште во јануари да го донесе Гави на „Стемфорд бриџ“.

Гави кој е роден во 2004 година, на 29 август дебитираше во Ла Лига на натпреварот против Хетафе, а во октомври на натпреварот во полуфиналето од Лигата на нации стана најмладиот играч кој заиграл за шпанската репрезентација.

Гави во Барселона дојде во 2015 година од Бетис и продолжи да се развива во славната академија на Барселона, Ла Масија, а минатата година потпиша тригодишен договор и една ставка од тој договор ги загрижи челниците на екипата.

Станува збор за откупната клаузула која изнесува 50 милиони евра. Во времето кога го потпиша првиот професионален договор, никој во Барселона не се надеваше дека Гави ќе експлодира за неколку месеци и на само 17 години ќе ги воодушеви фидбалските гиганти.

Токму оваа ситуација сака да ја искористи Челси и неговиот сопственик Роман Абрамович кој е подготвен уште во јануари да плати 50 милиони евра и да ја активира откупната клаузула.

Од друга страна, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се обидува до стартот на зимскиот преоден рок да потпише нов договор со Гави и да ја поништи малата откупна клаузула.

Имено, Лапорта веќе разговара со агентите на младиот фудбалер за нов договор и нова откупна клаузула која би изнесувала дури 900 милиони евра.

Видео на денот