ПАНИКА ПОРАДИ УРАГАНОТ БЕРИ ВО САД: Прогласена вонредна состојба во Њу Орлеанс

Фото:Профимедиа

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба додека тропската бура Бери се приближува кон Њу Орлеанс, кој е веќе поплавен.

„Бурата вечер или в сабота на утро треба да се претвори во ураган, непосредно пред да стигне до брегот на Лујзијана“, објави Националниот центар за урагани.

Трамп апелираше до населението да ги следат препораките на сојузните и локалните власти.

„Ве молам бидете подготвени, внимателни и на сигурно“, напиша Трамп на Твитер.

Жителите на Њу Орлеанс стравуваат од реприза на 2005 година и ураганот Катрин, при што загинаа 1.577 луѓе во Лујзијана, и 238 во Мисисипи и предизвика голема материјална штета.

Тропската бура, за која се очекува да стане ураган наречен Бери, би можела да удри западно од Њу Орлеанс на реката Мисисипи. Њу Орлеанс е веќе под вода поради поројните дождови претходните денови. Поплавен е и историскиот Француски кварт.

Тексас го подигна степенот на предупредување и подготвува центар за вонредни ситуации.ж

Превентивно се затворени една третина од постројките за преработка на сурова нафта во Мексиканскиот Залив, а нафтените платформи се евакуирани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот