Панфиз 2021: Атрактивна програма на фестивалот за пантомима и физички театар

Тридневна програма со фестивалска премиера, театарски работилници и буто-перформанси ќе донесе новото издание на фестивалот на пантомима и физички театар „Панфиз“ на платото пред МНТ од 30 јуни до 2 јули. Фестивалот ќе биде отворен со премиерата на претставата „Четири“ на режисерот и кореограф Ирена Лозинска во продукција на „Страница“.

– Поттикната од симболиката на бројот четири и неговата природност да се појавува во секојдневието на човекот како совршен број, ме инспирираше да го преточам во кореографија со четири актери. Четири се појавува секаде каде што постои некаков склоп на совршености. За мене тие совршености се четирите елементи: Земја, Воздух, Вода и Оган. Четирите страни на светот, четирите годишни времиња, четирите природна области (минерални, растителни, животински и човечки), основните четири бои (сина, црвена, зелена и жолта), четирите нивоа на човекот (телото, интелектот, чувствата и духовноста), четири фази на човековата свест (објективна, субјективна, потсвесна и космичка) и четирите животни циклуси (детство, младост, зрелост и старост). Четири како основна парадигма за човечкото постоење. Нашиот израз го опфаќа современиот танц, буто-танцот, пантомимата, физичката и гласовната импровизација. Оваа претстава преточена низ физичкиот театар и кореографијата е наш приказ, или осврт, кон многузначноста на бројот четири – открива Лозинска.

На фестивалот ќе бидат изведени два буто-перформанси на Културниот центар „Нектан арт“ од Србија, ќе има две театарски работилници со наслов „Слободно тело – слободно движење“ и „Телото како инструмент“, а ќе настапи и Александар Илиев од Бугарија со претставата „Комедија дел арте“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 86, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 26-27 јуни 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот