20 C
Скопје

Панел дискусија: Недела неработен ден – какви ефекти ќе има врз македонската економија

„Недела неработен ден – какви ефекти ќе има врз македонската економија”, е насловот на панел-дискусијата што ја организира денеска Стопанската комора на Северна Македонија.

На панелот ќе учествуваат стопанственици од различни индустриски сектори, од областа на трговијата и услугите.

– Предложеното решение за ограничувањето на можноста за работа во недела или наметнувањето дополнителни трошоци за компаниите кај кои работењето во недела е дел од редовниот работен процес, покренува повеќе прашања за ефектите од ова решение – како ќе се одрази на продуктивноста и конкурентноста на компаниите, дали производствените процеси се од таков карактер што може да се запрат без последици и по кои параметри тоа ќе се проценува, но и дали предложените решенија може да предизвикаат странските инвеститори да ја преиспитуваат РСМ како дестинација, туристите да ја избегнуваат државата како туристичка дестинација, а домашните потрошувачи да се насочат кон соседните пазари.

Според Комората, Министерството за труд и социјална политика работи на изготвување на предлозите за изменување на Законот за работните односи, со кои се најавува дека, со исклучок на определени дејности кои изречно ќе бидат наведени, ќе биде ограничена можноста работните процеси да се организираат во недела.

На панелот ќе учествуваат Андреа Серафимовски од „Гранит” АД Скопје, Виктор Мизо од „Костал Македонија” Охрид, Ѓорѓи Петрушев од „Млекара” АД Битола, Васко Илијевски од Групацијата на спортски обложувалници при Стопанската комора на Северна Македонија, Игор Давков од „Скопје Ист Гејт” Скопје и Кристина Самарџиева од „Еуроникел Индустри” Кавадарци.

Поврзани вести

Папата ги осуди насилствата меѓу Израел и Хамас

Слободен печат

Министерство за транспорт и врски: Договорите за јавни набавки се спроведуваат согласно законите

Слободен печат

Заев: Наместо на барок, споменици и криминални тендери, парите ги насочивме кон граѓаните

Слободен печат

Курти во вторник во Брисел на средба со балканските лидери

Слободен печат

ВИДЕО | Вучиќ објави како ќе изгледа фабриката за вакцини во Србија

Слободен печат

Влада на Косово: Израел има право да се брани од нападите на Хамас

Слободен печат

Остави Коментар