Пандевци се засилија со Томиќ и Димовски

фото: Академија Пандев

Милан Томиќ и Бојан Димовски се новите фудбалери на Академија Пандев.

Талентираниот 18-годишен Бојан Димоски доаѓа од тимот на Вардар и игра на позициите последен играч за врска како и на левата бековска позиција, го официјализираше пристапувањето на тимот на Академија Пандев. Тој е стандарден во младинските селекции на Македонија, а моментално е член на македонската репрезентација до 19 години.

Милан Томиќ доаѓа од белградска Црвена Ѕвезда и е игра во одбраната. Досега ги бранел боите на српските Графичар и Ѕвездара како позајмен играч.
Претходно потпис на договорите со Академија Пандев ставија Милан Радески и Никола Серафимов.

Димоски веќе се приклучи на подготовките на тимот, па се очекува да биде на располагање на стручниот штаб уште за првото коло од новата сезона во кое Академија Пандев на 9. август гостува на Пелистер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот