„Пандевци“ на чекор од полуфиналето во Купот

фото:фејсбук

Денеска се одиграа првите натпревари од четвртфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија, триумф оствари само екипата на Академија Пандев. „Пандевци“ се најблиску до пласман во полуфиналето откако славеа на гостувањето кај Шкупи со конечен резултат 0:1.

Во самиот финиш од средбата (90+3) Академија Пандев дојде до победата благодарение на погодокот на Р. Темелков на стадионот „Чаир“.

И Работнички е во добра позиција да се најде меѓу најдобрите четири во куп натпреварувањето „Романтичарите“ ремизираа против Шкендија на Градскиот стадион во Тетово (1:1), двата погодоци беа реализирани во текот на првото полувреме.

Во осмата минута водеа тетовските „црвено-црни“ преку С. Жуниор, а израмнија играчите на Работнички во 33. минута со голот на Д. Стојков. Пред последниот свиреж на главниот судија кај гостите поради два жолти картони теренот С. Херера мораше предвреме да го напушти теренот.

Без голови одиграа тимовите на Струга Трим Лум и Ренова, а Брегалница во Штип триумфираше над Лабуништа (1:0) со голот на М. Стојанов во 51. минута од средбата. Реваншите се играат на 4 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот