„Пандевци“ потврдија, Васоски нов тренер на ФК Сараево

васоски
фото: Денис Дуковски/fkvardar.mk

Денеска од фудбалскиот клуб на Академија Пандев информираа дека спогодбено се разделуваат со досегашниот тренер Александар Васоски.

Васоски ја напушта екипата на полусезоната после која „пандевци“ моментно се второпласирани во македонскиот фудбалски шампионат.

Воедно ФК Академија Пандев објави дека нов клуб во тренерската кариера на Васоски ќе биде Сараево, иако босанскиот клуб ја нема сè уште потврдено ваквата информација.

Желбата на Васоски ќе ја испочитуваме и му посакуваме големи успеси во новиот тренерски предизвик во ФК Сараево. Шефе ти благодариме на соработката! – пренесуваат од ФК Академија Пандев.

Сараево, во чии редови настапува нашиот поранешен репрезентативец Крсте Велкоски, моментно во најквалитетната босанска лига се наоѓа на четвртото место со 28 бодови, 20 помалку од водечкито Зрињски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот