Пандев за нов претседател на ФФМ!? – Слободен печат
СпортФудбал

Пандев за нов претседател на ФФМ!?

Како што пренесуваат италијанските медиуми, од моментот кога ќе се одлучи за пензија, Пандев би можел да се кандидира за прв човек на македонскиот фудбал.

Горан Пандев (35), според најавите се очекува уште една сезона да настапува за екипата на Џенова.

Не е тајна дека посакува на репрезентативен план да обезбеди пласман со националната А селекција на едно големо натпреварување.

А во 2020 година како еден атрактивен број можно е да му оствари таа желба, во новото УЕФА натпреварување „Лигата на нации“ само две победи ги делат фудбалерите на Ангеловски за настап на ЕУРО 2020, но секако нема да ги исклучиме и редовните квалификации.

После завршувањето на сезоната 2019/20, се говори и дека ќе ја заврши професионалната фудбалска кариера.

Според „Гаѕета дело Спорт“, Пандев веќе размислува за иднината, покрај продолжувањето на соработката со Џенова, ќе го разгледа и прифаќањето да биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија што било крунисување на една одлична кариера.

Да потсетиме дека Муамед Сејдини во март на Изборното собрание годинава беше избран за прв човек на македонскиот фудбал и ќе биде на чело до 2021 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close