Пандев стана вториот најстар фудбалер кој постигнал гол на ЕП

Фото: EPA-EFE/Robert Ghement / POOL

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, беше стрелец на единствениот гол на „рисовите“ во поразот од Австрија на стартот од Евро 2020. Пандев во 28. минута го совлада австрискиот голман Бахман и освен што го постигна првиот гол за Македонија на Европските првенства, Пандев стана и вториот најстар играч кој дал гол на едно ЕП. Капитенот на Македонија голот го постигна со 37 години и 321 ден и единствен фудбалер кој е постар од него кога постигнал гол е поранешниот австриски репрезентативец Ивица Вастиќ. Вастиќ на ЕП 2008 година во ремито на Австрија против Полска од 1:1 го постигна голот за својата репрезентација со 38 години и 257 денови.
Ова воедно беше 38 гол за Пандев за репрезентацијата со што е убедливо најдобар стрелец во историјата.

Најстар фудбалер кој некогаш настапил на Европските првенства е унагрскиот голман Габор Кирали кој во 2016 година во поразот на неговата селекција од Белгија во осминафиналето, бранеше со 40 години и 86 дена.

Пандев: Го дадовме максимумот, не издржавме во последните минути

Барди: Австрија ги искористи своите шанси, ние продолжуваме понатаму

Ангеловски: Горд сум на овие фудбалери, тие не донесоа на ЕП

Англискиот репрезентативец најмлад играч во историјата на ЕП

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот