Пандев се бори на теренот, а негови соиграчи при негатива си гледаат во телефоните!

Фото: Принтскрин/Твитер

Синоќа Парма на натпреварот од деветтото коло во Серија А ја совлада Џенова на гостински терен со головите на Жервињо, а единствениот погодок кај поразените беше дело на Шомуродов.

При резултат 1:2 во 69 минута во игра влезе македонскиот репрезентативец Горан Пандев, нашиот 37-годишен играч се бореше на теренот во обид да го спаси клубот од нов пораз. Џенова е во резултатска криза со само пет бодови и дури четири порази во низа, претпоследна во опасната зона за испаѓање.

А уште поболно за навивачите на оваа екипа е однесувањето на тројца играчи на Џенова кои не беа во составот, но седеа на ложата од стадионот, информира „Кориере дело Спорт“.

Беше во тек 85 минута, Џенова и Пандев се трудеа со сите сили да дојдат барем до израмнување, а младите Клаудиу Миковши, Дариан Малес (19) и Џоел Асоро (21) наместо да даваат поддршка, си гледаа во своите мобилни телефони и се занимаваа со други работи. Нашиот Пандев во минатото со своите голови донесувал радости на клубот кога е најпотребно, а со ова тројцата млади фудбалери воедно не покажуваат никаква почит.

Таа фотографија на социјалните мрежи стана вирална, а навивачите на поранешниот италијански великан (деветпати шампиони на Италија) лути поради крајната незаинтересираност на ова трио за кое клубот исто така плаќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот