Пандев пред 10 години со Интер ја освои ЛШ! (ВИДЕО)

фото: твитер

За „неро-аѕурите“ тоа беше вкупно трета европска титула во нивната историја, претходните две ги освоија во 1964 и 1965 година.

На денешен ден (22 мај 2010 година) екипата на Интер ја освои титулата во Лигата на шампионите во натпреварувачката сезона 2009/2010.

На стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид клубот од „Џузепе Меаца“ со 2:0 беше подобар од Баерн Минхен.

За „неро-аѕурите“ тоа беше вкупно трета европска титула во нивната историја, претходните две ги освоија во 1964 и 1965 година.

Миланската екипа предводена од тогашниот тренер Жозе Мурињо, еден фантастичен состав во кој се наоѓаше и Горан Пандев.

Освен македонскиот репрезентативец, португалскиот „Специјалист“ можеше да смета на услугите на уште многу врвни имиња како Милито, Ето`о, Снајдер, Камбиасо, капитенот Занети, Маикон, Толдо, Станковиќ, Балотели, Матераци, Мунтари, Жулио Сезар, Лусио, Киву, Марига..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот