Пандев: Пензија? Ќе видиме по ЕП

epa08992467 Genoa's Goran Pandev (C) scores during the Italian Serie A match Genoa CFC vs SSC Napoli at Luigi Ferraris stadium in Genoa, Italy, 06 February 2021. EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев е најзаслужен за победата на Џенова од 2:1 против Наполи постигнувајќи ги двата гола за својот тим.

Со двата постигнати гола, Пандев стана најефикасниот фудбалер од поранешната СФР Југославија во Серија А доаѓајќи до бројката од 97 гола во Калчото.

Очекувано, Пандев беше главна вест во италијанските спортски медиуми, а каптенот на „црвено-жолтите“ изјави дека по настапот на Европското првенство, ќе ја донесе конечната одлука околу неговото пензионирање.

– Пензија? Имав тежок период да се рехабилитирам од последната повреда, но сѐ уште се забавувам и добро сум. Ќе видиме. Моето размислување е да се пензионирам после Европското првенство, но сѐ уште ништо не се знае – изјави Пандев кој исто така изјави дека се надева дека ќе дојде до бројката од 100 постигнати голови во Серија А.

Горан Пандев/EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Горан Пандев во Серија А највеќе гола даде во дресот на Лацио (48), по што се пресели во Интер за кого постигна пет гола, но беше дел од најуспешната година во историјата на тимот кој во 2010 година ја освои тројната круна. Потоа во дресот на Наполи постигна 19 гола и сега како играч на Џенова даде 24 голови.

ВИДЕО: „Гранде“ Пандев со два гола го урна Наполи и запиша нов рекорд!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот