Пандев: Оваа генерација може, публиката ќе биде нашиот 12 играч!

facebook.com/FudbalskaReprezentacija/

За нашиот најдобар национален тим пласманот е најдобар во историјата во квалификации за големо натпреварување.

Македонија на Националната арена „Тодор Проески“ одигра одлично, создаде многу шанси, постигна еден гол на Бобан Николов во 45+2 минута, сосема доволно за победа за крај.

Горан Пандев беше стартер и играше до 79. минута кога беше заменет од Аврамовски.

-Оваа генерација може! Се надеваме дека ќе ја израдуваме македонската јавност. Имаме долго време до натпреварот со Косово и мислам дека имаме големи шанси. Публиката ќе биде нашиот 12 играч- вели капитенот на македонската А репрезентација, Пандев.

Сега погледите се насочени во Лигата на нации иако до плејофот има уште нешто повеќе од четири месеци, во полуфиналето дома на 26 март 2020 година го пречекуваме Косово и доколку триумфираме пет дена подоцна ќе играме со подобриот од Грузија и Белорусија. Победникот од Лигата „Д“ ќе си обезбеди настап на наредното Европско првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот