Пандев немоќен против својот Интер, Кулушевски брилјираше против Бреша (ВИДЕО)

epa08561139 Parma's Dejan Kulusevski scores by penalty during the Italian Serie A soccer match Parma Calcio vs SSC Napoli at Ennio Tardini stadium in Parma, Italy, 22 July 2020. EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Фудбалерите на Интер ја совладаа Џенова со 0:3 во 36. коло од Серија А.

Интер до трите бода и втората позиција на табелата дојде благодарение на двата гола на Ромелу Лукаку и на Алексис Санчез. Лукаку ја отвори и ја затвори серијата на Интер со головите во 34. односно 93. минута, додека Санчез погоди во 83. минута.


Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев доби шанса да настапи против својот поранешен тим во финишот, одигра 20-тина минути, но немаше забележлив учинок на теренот.
Интер со победата се искачи на второто место со 76. бода, еден повеќе од Аталанта, а четири помалку од лидерот Јувентус кој има и натпревар помалку.

Македонецот со шведски пасош, Дејан Кулушевски, беше најзаслужен за победата од 2:1 на неговата Парма на гостувањето кај Бреша. Кулушевски прво во 59. минута му асистираше на Дармијан за водство на „млекарите“, а во 81. минута со прекрасен шут донесе победа за својот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот