Пандев: Наполи го игра најдобриот фудбал во Европа, се надевам ќе донесат трофеј во градот

Наполи - Џенова/7 април 2013/фото: EPA/CESARE ABBATE

Горан Пандев кој неодамна и официјално објави крај на неговата кариера смета дека екипата на Наполи кој е негов поранешен тим го игра најдобриот фудбал во Европа во овој момент.

Наполи вчера го декласираше Ајакс со убедливи 1:6, ова беше најубедливиот пораз за холандскиот гигант на домашен терен во најелитното европско натпреварување. Дресот на Наполи Пандев го носеше кога овој клуб располагаше со супер триото Кавани, Лавеци и Хамшик.

„Во овој момент Наполи го игра најдобриот фудбал во Европа. Не се сомневам во тоа, се што им се случува заслужуваат. Наполи е навистина силен тим и го покажува тоа. Сите тимови кои играат во Лигата на шампионите се на врвно ниво. Тие се тим кој располага со многу технички добро потковани фудбалери и силен среден ред. Се надевам дека Наполи ќе донесе трофеј во градот, бев таму и знам колку тоа им значи на луѓето од ова место“, изјави Пандев.

Пандев во Наполи пристигна после фантастичниот период во Интер со кој освои тројна круна, а во кариерата настапуваше уште за Анкона, Специја, Џенова, Лацио и Галатасарај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот