Пандев: Најреално е предвремено да заврши Серија А (ВИДЕО)

EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Според последните информации, на 4 мај во Италија ќе започнат индивидуалните, а на 18 мај колективните тренинзи.

Македонскиот репрезентативец за „Арена Спорт ТВ“ ги сподели своите очекувањата за продолжувањето на сезоната во најсилното италијанско фудбалско првенство.

Според последните информации, на 4 мај во Италија ќе започнат индивидуалните, а на 18 мај колективните тренинзи.

Горан Пандев го стави во аукција дресот од 100. репрезентативен настап (ВИДЕО)

Нашиот напаѓач одговори на прашањето дали е подобро сезоната да продолжи или предвремено да заврши:

Мислам дека најреално е предвремено да заврши првенството, има голем број на починати и многу проблеми – рече Пандев.

Доколку сезоната продолжи, негов фаворит за освојувањето на „Скудетото“ е неговиот поранешен клуб каде што играше шест сезони.

Навивам за Лацио, навистина е во врвна форма – додаде нашиот интернационалец кој летово му истекува договорот со Џенова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот