Пандев меѓу топ стрелците за националните репрезентации во Европа! (ВИДЕО)

фото/фејсбук/ффм

Нашиот најискусен репрезентативец во „црвено-жолтиот“ дрес досега 34 пати ја тресеше противничката мрежа..

Фудбалерот на Џенова е далеку најдобар на вечната листа најдобри стрелци за нашата А селекција, на второто место е Ѓорѓи Христов со 16, а зад него Александар Трајковски и Артим Шаќири по 15.

Горан Пандев во 108 натпревари реализираше вкупно досега 34 голови за најдобрата македонска репрезентација.

Кога сме веќе кај најдобрите активни стрелци за европските репрезентатиции, на врвот е Кристијано Роналдо за Португалија со 99 голови во 164 натпревари.

На второто место Полјакот Роберт Левандовски со 61 погодок во 112 одиграни мечеви.

Следуваат Един Џеко (Босна и Херцеговина) со 58 голови, Белгиецот Ромелу Лукаку (52), Томас Милер (Германија, 38)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот