Пандев: Лотито ми праќаше навивачи да ми се закануваат

фото: твитер

Капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, во разговорот во живо на Инстаграм со Илија Несторовски проговори за периодот додека беше член на Лацио.

Пандев не сакаше да потпише нов договор и беше решен да замине во Интер, поради последните месеци како член на Лацио му беа вистински кошмар.

Мислам дека најдобрите партии ги прикажав во дресот на Лацио, но бев платен според младинскиот договор кој го имав со Интер. Сите добиваа зголемувања, а мене ме прескокнуваа. Решив да си заминам, а тие дури тогаш почнаа да се интересираат за мене. Кога видоа дека немам намера да потпишам нов договор, почнаа проблемите. Кога целиот тим отиде во Пекинг, јас останав во Рим да тренирам на 40 степени, а Лотито постојано ми праќаше навивачи да ми се закануваат. Но, издржав и си заминав  –  изјави Пандев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот