Пандев ја „воскресна“ Џенова, но во финишот остана без победата

Џенова и Верона одиграа возбудливб натпревар на кој постигнаа шест гола/ фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Екипите на Џенова и Верона одиграа фантастичен натпревар во шестото коло во Серија А во кој ги поделија бодовите играјќи 3:3.

Џенова иако губеше со 0:2, во вториот дел успеа да направи целосен пресврт и да поведе со 3:2, но во судиското продолжение остана без победата.

Горан Пандев влезе во игра на почетокот од второто полувреме, но Верона во 49 минута доведе со 0:2.
Во последните 15-тина минути фудбалерите на Џенова успеаја да постигнат три гола, прво Кришито од пенал намали на 1:2, потоа Дестро прво израмни на 2:2,  а по додавањето на Пандев и донесе водство на Џенова во 85 минута.

Но, во судиското продолжение, Џенова и Пандев останаа без победата бидејќи Калиниќ постигна гол за конечни 3:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот